Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...

ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, мај 2025
Во мај 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 178 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 49.058 MWh.
При тоа, од 92 мали хидроцентрали, произведени се 27.976 MWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.741 MWh, од две ветерни електрани произведени се 16.129 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.212 MWh.
Учеството на електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 12.67 %.
Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.842 MW.
МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828
МЕМО на Конференција за тргување со електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа (ETCSEE 2025)
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО учествува на дводневната најпозната...
МЕМО на 30. Атински форум за електрична енергија
Динамични и суштински дискусии на 30. Атински форум за електрична енергија, организиран од...
Транспарентноста не е избор – туку обврска; Државните енергетски компании со заеднички брифинг во министерството
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа брифинг за медиумите за...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – мaj 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ, отворајќи нов пат за зелената енергија во земјава
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално ги...
