ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, Април 2025

19.05.2025 | Новости

Во април 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, за задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-потрошувачката, продадена е електрична енергија од 469 GWh.

На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 405 GWh, од кои ЕСМ со 208 GWh учествува со најголем процент од 51.2%, а потоа следуваат виртуелни производители со 90 GWh или 22.1%, повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 61 GWh, односно 15.2% и независните производители со 46 GWh, односно 11.5%

Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето- потрошувачката изнесува 86.5%.

Подетални информации на следниот линк https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This