No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, одржа јавна расправа за правилата за администрирање на Гаранциите за потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs). Овој значаен чекор го поставува темелот за зголемена транспарентност и доверба на енергетскиот пазар во нашата земја.
МЕМО e одговорен за воспоставување и управување со Регистарот на гаранции за потекло, вклучувајќи нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување. Јавната расправа ги обедини претставниците на клучните чинители во енергетскиот сектор, приватните компании и стопанските комори, со цел да се обезбеди широка стручна дискусија.
Во своето обраќање, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, потенцираше дека Гаранцијата за потекло е електронски документ кој им овозможува на потрошувачите јасен доказ дека одреден удел или количина од електричната енергија што ја користат е произведена од обновливи извори.
„Гаранциите за потекло се етаблирани како еден од главните механизми во Европската Унија за следење и потврдување на потеклото на електричната енергија. Тие не само што промовираат еколошка одговорност и одржлив развој, туку исто така ја зајакнуваат транспарентноста и довербата меѓу потрошувачите и производителите на енергија,“ истакна Божиновска.
Управителот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, нагласи дека МЕМО, активно работи на имплементација на системот за Гаранции за потекло во соработка со Grexel – водечка европска компанија во оваа област.
„Нашиот стручен тим, заедно со експертите од Grexel, посветено работи на целосна реализација на процесите за издавање и трансфер на Гаранциите за потекло. Очекуваме тие да бидат финализирани и од април веќе да започнеме со нивно официјално издавање. Ова претставува само прв чекор во процесот кон полноправно членство на МЕМО во AIB и издавање на Гаранции на потекло кои ќе бидат признаени во ЕУ, што е особено значајно за домашните компании кои вршат извоз на европскиот пазар, овозможувајќи им полесен пристап до потрошувачите кои бараат потврдени извори на обновлива енергија“, рече Ѓорѓиевски во обраќањето.
На јавната расправа Митко Огненоски, раководител на оддел за обновливи изоври на енергија и организиран пазар на електрична енергија во МЕМО ги презентриаше „Правилата за администрирање на Гаранциите за потекло на електрична енергија“, донесени од МЕМО во согласност со Законот за енергетика, Уредбата за гаранции за потекло и стандардите на Асоцијацијата на тела – издавачи на Гаранции за потекло (AIB).
„Овие правила се усогласени и со принципите на Европскиот систем за енергетски сертификати (EECS), што дополнително гарантира нивна прифатливост на европскиот пазар. Со овие правила за администрирање на гаранциите на потекло се уредува начинот на регистрација на корисникот во регистарот на гаранции за потекло, техничките правила за издавање, пренесување и укинување на гаранциите за потекло, објавувањето на податоци од јавен карактер, како и правата и обврските на корисниците на Регистарот. Гаранции на потекло се издаваат само за: Електроцентрали што произведуваат електрична енергија од oбновливи извoри на енергија запишани во Регистарот на електроцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори, кој го води Министерството, а кои произведуваат електрична енергија на територија на Македонија“, истакна Огненоски во презентацијата.
Во изминатиот период, МЕМО, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of Issuing Bodies – AIB). Оваа водечка европска асоцијација е посветена на обезбедување поголема транспарентност преку стандардизација на гаранциите за потекло, што ќе придонесе за понатамошна интеграција на македонскиот енергетски пазар во европскиот систем.
Со воспоставувањето на системот за Гаранции за потекло, Северна Македонија прави значаен чекор напред кон поголема одржливост, конкурентност и доверба во енергетскиот сектор, овозможувајќи дополнителна вредност за производителите и потрошувачите на електрична енергија.
МЕМО го поздравува учеството на АЛПИК_Скопје и на Енерџи Суплај-М ДООЕЛ Скопје, на организираниот...
Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
МЕМО го поздравува учеството на Енерџи Суплај-М ДООЕЛ Скопје, на организираниот пазар на...
Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]
Во јануари 2024 година согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...