Продуктивен состанок меѓу МЕМО и Секретаријатот на Енергетската заедница

25.02.2025 | Новости

Продуктивен состанок со претставниците на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Денес, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, управителот Зоран Ѓорѓиевски оствари средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Во фокус на разговорите меѓу тимовите на МЕМО и Секретаријатот на Енергетската заедница беа:

  • Важноста од маркет каплингот, односно пазарното поврзување на домашната берза со берзите на електрична енергија на соседните земји и членки на Европската Унија.
  • Воведување на Гаранции за потекло на електрична енергија, кои МЕМО ќе започне да ги издава наскоро.
  • Натамошно усогласување на националното законодавство со европските енергетски стандарди.

Лорковски ја потврди посветеноста на Енергетската заедница во поддршката на реформските процеси во земјата, како и активностите на МЕМО за модернизирање на организираниот пазар на електрична енергија и негово интегрирање во единствениот европски пазар.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This