Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО ДООЕЛ Скопје,...

Продуктивен состанок меѓу МЕМО и Секретаријатот на Енергетската заедница
Продуктивен состанок со претставниците на Секретаријатот на Енергетската заедница.
Денес, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, управителот Зоран Ѓорѓиевски оствари средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.
Во фокус на разговорите меѓу тимовите на МЕМО и Секретаријатот на Енергетската заедница беа:
- Важноста од маркет каплингот, односно пазарното поврзување на домашната берза со берзите на електрична енергија на соседните земји и членки на Европската Унија.
- Воведување на Гаранции за потекло на електрична енергија, кои МЕМО ќе започне да ги издава наскоро.
- Натамошно усогласување на националното законодавство со европските енергетски стандарди.
Лорковски ја потврди посветеноста на Енергетската заедница во поддршката на реформските процеси во земјата, како и активностите на МЕМО за модернизирање на организираниот пазар на електрична енергија и негово интегрирање во единствениот европски пазар.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, јуни 2025
Во јуни 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – јуни 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, Maj 2025
Во мај 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) официјално назначен за НЕМО за нашата земја
На седница на Владата, одржана на 5 јуни 2025 година, Националниот оператор на пазарот на...
МЕМО на Конференција за тргување со електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа (ETCSEE 2025)
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО учествува на дводневната најпозната...
