ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, ЈАНУАРИ 2025

07.02.2025 | Новости

Во јануари 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 178 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 33.822 MWh.

При тоа, од 92 мали хидроцентрали, произведени се 17.281 MWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 616 MWh, од две ветерни електрани произведени се 12.601 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.323 MWh. 

Учеството на електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 4,51%.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.842 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This