МЕМО го започнува процесот за имплементација на системот за Гаранции на потекло во соработка со Grexel

05.02.2025 | Новости

Прв состанок со тимот на Grexel за воспоставување на издавањето на Гаранции на потекло (GOs), од страна на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО. Овие гаранции се единствен доказ за потеклото на електричната енергија произведена од обновливи извори.

Grexel, со седиште во Хелсинки, е лидер во издавање енергетски сертификати во Европа со годишен обем на трансакции од над 1 милијарда MWh. Македонија, во соработка со Енергетската заедница, усвојува национален регистар развиен од Grexel, кој е веќе успешно имплементиран во 22 земји.

Стручниот тим на МЕМО, заедно со експертите од Grexel, ќе работи на континуирана реализација на процесите за издавање и трансфер на Гаранции за потекло, кои се очекува да бидат финализирани во првата половина на оваа година. Овие гаранции се особено важни за домашните компании што извезуваат на европскиот пазар. МЕМО веќе неколку месеци спроведува активности за успешна имплементација на GOs и стана член-набљудувач на Association of Issuing Bodies (AIB).

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This