ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, ДЕКЕМВРИ 2024

15.01.2025 | Новости

Во декември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 177 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 41.078 MWh, што претставува зголемување од 29% во однос на декември 2023 година.

При тоа, од 91 мали хидроцентрали, произведени се 14.454 MWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 593 MWh, од две ветерни електрани произведени се 22.763 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.267 MWh.

Учеството на електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 5,85%.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.642 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This