МЕМО активно вклучен во процесите за имплементација на реформите во енергетскиот сектор – 5,2 милиони евра од ЕУ за енергетска трансформација

28.11.2024 | Новости

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО активно е вклучен во процесите за имплементација на реформите во енергетскиот сектор.

На пленарниот состанокот за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување кој го отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници на делегација на ЕУ, како и сите релевантни домашни и меѓународни чинители во секторот енергетика, акцентот беше ставен на вложувањата во енергетската независност и еколошките извори на енергија.

Во овој домен, Елизабета Гиовска, кооринатор на оддели и Александар Ристовски, раководител на оддел за управување на пазарот на електрична енергија, истакнаа дека МЕМО посветено работи на значајни проекти како пазарно спојување или маркет каплинг со берзите на соседните земји и членки на Европската унија за успешно интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар, како и воведување на гаранциите за потекло-GOs кои ќе како единствен доказ за потеклото на електричната енергија произведена од обновливи извори.

ИПА 3 – Прозорец 3, претставува рамка за финансиска поддршка од Европската Унија, наменета за зајакнување на зелената агенда и одржлив енергетски сектор. За оваа програма обезбедени се финансиски средства во висина од 5,2 милиони евра за поддршка на проектите за намалување на штетните емисии, зголемување на енергетската ефикасност и развој на обновливите извори на енергија.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This