ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, АВГУСТ 2024

01.10.2024 | Новости

Во август 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 540.758 GWh, што претставува зголемување за 10% во споредба со август минатата година.

ЕСМ со 233.766 GWh, учествува со најголем процент од 43,2%, потоа следуваат независните производители со 196.194 GWh односно 36,3%, виртуелни производители со 86,284 GWh односно 16%  и повластените производители на електрична енергија со  21.355 GWh односно 3,9%.

Од сопственото производство 67,1 % е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 362.984 GWh, а 32,9% односно 177.822 GWh е деклариран извоз.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 488.799 GWh, каде од сопственото производство е продадено 362.936 GWh односно 74,3 % а од увоз е 125.863 GWh односно 25,7 %.

За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби, поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 439.142 GWh и тоа 57,1 % на тарифни потрошувачи, 35,9% на снабдувани потрошувачи и 7% на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.

Загубите во електроенергетскиот систем се  49.670 GWh односно 10,2 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 448.581 GWh, каде нето транзитот е 421.582 GWh, а контратрејдингот е 26.999 GWh.

Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This