Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...

Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) официјално назначен за НЕМО за нашата земја
На седница на Владата, одржана на 5 јуни 2025 година, Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО ДООЕЛ Скопје) е назначен за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија – НЕМО за Република Северна Македонија за наредните четири години.
Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија (НЕМО) е назначен оператор на организираниот пазар на електрична енергија кој согласно регулативата на ЕУ учествува во спојувањето со единствениот европски пазар на електрична енергија.
Правната основа за донесување на оваа одлука е содржана во новиот Закон за енергетика кој е европски усогласен закон и уште во нацрт фазата доби поддршка од Секретаријатот на Енергетската заедница, што е силна потврда за посветеноста на нашата држава кон европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. Владата ја донесе оваа одлука по претходно мислење и предлог за донесување на одлука од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
Ова претставува значаен чекор кон развој на енергетскиот сектор во земјава и признание за посвететеноста на МЕМО при управувањето на организираниот пазар на електрична енергија на транспарентен и ефикасен начин, во согласност со европските правила и практики.
Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски вели дека доделувањето на статусот НEMO, е признание за досегашниот вложен труд и потврда на визијата да градиме функционален македонски организиран пазар на електрична енергија и негово интегрирање во единствениот европски пазар.
„Овој напредок е заеднички успех на сите чинители во енергетскиот сектор – Министерството за енергетика, Владата, како и нашите партнери на регионално и европско ниво – и претставува значаен чекор кон интеграцијата на македонскиот пазар на електрична енергија со европскиот преку механизамот на т.н. маркет каплинг. Успешното функционирање на Македонската берза за електрична енергија во изминатиот период, благодарение на довербата што секојдневно ни ја укажуваат учесниците на пазарот, е уште една потврда за нашата континуирана посветеност кон реализацијата на оваа стратешка цел“, истакна Ѓорѓиевски.
Конкретно, со назначувањето на МЕМО за НЕМО се отвораат бројни можности:
Поврзување на пазарите (маркет каплинг): Поврзување на македонскиот организиран пазар на електрична енергија со пазарите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), во нашиот случај со Грција или Бугарија, односно приклучување на домашниот организиран пазар кон единствениот европски пазар во сегментот ден-однапред и во текот на денот.
Поголема ликвидност, транспарентност и ефикасност: Подобрување на транспарентноста на пазарот, зголемување на ефикасноста и значителен напредок во зајакнување на сигурноста на снабдување со електрична енергија во Македонија. Ова подразбира, оптимална распределба на расположливите прекугранични капацитети, како и поефикасна интеграција на обновливите извори на енергија во пазарот – сето тоа засновано на транспарентни и недискриминаторни пазарни принципи.
Регулаторна усогласеност: Обезбедување усогласеност со европските енергетски регулативи и стандарди, што придонесува за зајакнување на довербата кај учесниците на пазарот.
МЕМО на 30. Атински форум за електрична енергија
Динамични и суштински дискусии на 30. Атински форум за електрична енергија, организиран од...
Транспарентноста не е избор – туку обврска; Државните енергетски компании со заеднички брифинг во министерството
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа брифинг за медиумите за...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – мaj 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ, отворајќи нов пат за зелената енергија во земјава
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално ги...
Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Националниот оператор на...